сабота, 28. март 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Едмонд Темелко ги загуби изборите во Пустец

Едмонд Темелко ги загуби изборите во Пустец

Во тензична атмосфера, без учество на опозицијата денеска во Албанија се одржаа локалните избори каде дури во половина од вкупно 65 општини имаа по само еден кандидат за градоначалник, и тоа од коалицијата „Алијанса за европска Албанија“ предводена од владејачката Социјалистичка партија, поради што најмалку може да се оценат како плуралистички.

Според првичните неофицијални резултати од терен, кандидатот за градоначалник на општина Пустец од МАЕИ, Едмонд Темелко ги загуби изборите од неговиот противкандидат од социјалистичката партија Пали Колефски исто така Македонец од Мала Преспа.

Инаку, Темелко со општина Пустец раководеше три мандати и забележа голем успех, од инфраструктура, водовод борба за еднаквос на Македонците во албанското опшество и многу други работи.