недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Еди Рама ја шокираше јавноста во Албанија: Очекуваме 60-70 посто од населението да се зарази со новиот коронавирус

Еди Рама ја шокираше јавноста во Албанија: Очекуваме 60-70 посто од населението да се зарази со новиот коронавирус

Албанскиот премиер, Еди Рама во едно интервју за АБЦ Нјуз истакна дека во деновите што следат се очекува да бидат заразени 60-70 посто од населението со новиот коронавирус Ковид-19.

Инаку, бројот на заразени со коронавирус се искачи на 104 лица, а тестирани се вкупно 856.

Најмногу заболени има во Тирана и тоа 68 лица, Фиер 12, Драч 7, Валона 4, Каваја 3, Корча 3, Елбасан 2, Лушња 2, Рогожина 2 и едно лице заразено со новиот коронавирус е од Скадар.

Рама, меѓудругото во интервјуто додаде дека борбата со коронавирусот е потешка од онаа борба со трагичниот земјотрес кој есента ја погоде Албанија, кога животот го загубија голем број на луѓе.

Коронавирус