вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 114
home Регион

Еди Рама го тужи за клевета поранешниот премиер Бериша

Еди Рама го тужи за клевета поранешниот премиер Бериша

Албанскиот премиер Еди Рама го обвини за клевета Сали Бериша поранешен премиер, шеф на државата и поранешен лидер на Демократската партија.

Се дознава дека обвинението е поднесено поради изјавите на Бериша за Рама во врска со договорот со Грција за обележување на морската граница меѓу двете земји.

Според тиранската телевизија Ора њус, како обештетување за ова, Рама бара износ од еден милион леки.

Првата расправа во судот во Тирана се одржа денеска, а втората е закажана за 11 април.

Инаку, Рама досега има поднесено вкупно 40 обвиненија против претставниците на опозицијата, меѓу кои и против актуелниот лидер на Демократската партија, Љуљзим Баша, како и поранешните пратеници Јорида Табаку и Ервин Салиањи.