вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 69
home Регион

Еден мигрант загинал, а неколку се повредени откако криумчар со својот втомобил излетал од патот

Еден мигрант загинал, а неколку се повредени откако криумчар со својот втомобил излетал од патот
фото илустрција

Автомобил на криумчар во кој се превезувале 11 нелегални мигранти, утрово излетал од патот во близина на грчкиот град Кавала и животот го загуби едно, а повредени се четири лица, објавија локалните медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, возачот на автомобилот, претходно наместо да запре на полициски сигнал, ја зголемил брзината, изгубил контрола над возилото излетало од патот и се превртело.

Починатиот и повредените биле пренесени во болница, а останатите се во одделот на граничната полиција во Неа Кавала.