вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 77
home Регион

Две години од убиството на Оливер Ивановиќ- јавноста бара тој да и прости на сопругата поради нејзината нова работа (ФОТО)

Две години од убиството на Оливер Ивановиќ- јавноста бара тој да и прости на сопругата поради нејзината нова работа (ФОТО)

Денеска се навршуваат две години од убиството на лидерот на граѓанската иницијатива СДП Оливер Ивановиќ.

Тој беше убиен на 16 јануари 2018 година во северниот дел на Косовска Митровица.

Ивановиќ беше убиен со неколку куршуми испукани од пиштол од автомобил во движење пред канцеларијата на СДП.

Косовскиот суд неодамна покрена и тужба против шест лица, а издаде и налог за апсење на Милан Радовиќ и Звонко Веселиновиќ поради управување со криминална група.

Инаку овие две години сопругата на Ивановиќ Милена Ивановиќ е на честа мета на јавноста поради нејзиното вработување во Владата на Србија.

Милена Ивановиќ се вработила во кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ во јуни минатата година во секторот кој се бави со култура и креативна индустрија.

-Само ова ќе го оставам тука… Оливер опрости и…, се само дел од коментарите.