сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 32
home Регион

Две доживотни затворски казни за нападот во Бургас врз израелските туристи

Две доживотни затворски казни за нападот во Бургас врз израелските туристи

Специјалниот суд во Бугарија им изрече доживотна казна затвор на двајцата мажи за кои во судска постапка се докажа дека биле соучесници во терористичкиот напад врз израелските туристи во Бургас пред осум години, јави ДПА.

Пресудите, кои можат да бидат обжалени, им се изречени на австрискиот државјанин Мелиад Фарах (39) и канадскиот државјанин Хасан Ел Хаџ Хасан, појасни германската агенција.

Двајцата мажи со либанско потекло се осомничени дека имале врски со Хезболах.

Двајцата се осудени во отсуство, како помагатели на 23-годишниот бомбаш-самоубиец кој на 18 јули 2012 година на аеродромот во Бургас уби 18 израелски туристи и возачот на автобусот.

Напаѓачот, за кој исто така се верува дека е поврзан со Хезболах, носел експлозив во ранец. Тој влетал во автобусот додека чекал да се качи израелската група и тогаш го активирал експлозивниот уред, појасни ДПА.

Коронавирус