вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 66
home Регион

Двајца загинати при пад на спортски авион во околината на Белград

Двајца загинати при пад на спортски авион во околината на Белград

Две лица загинаа вечерва кога мал спортски авион се урнал близу аеродромот „13 мај“ во Земун Поље во околината на Белград.

Според портпаролката на белградската служба на Брза помош Нада Мацура, при падот на „ултралесниот авион“ загинале маж и жена.

Мацура во изјава за Танјуг нагласи дека Брзата помош била известена за уривањето на леталото во 19:18 часот.

Причините за падот на авионот и повеќе детали за несреќата засега не се познати.