сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Регион

Двајца загинати и осуммина повредени мигранти во сообраќајна несреќа во Грција

Двајца загинати и осуммина повредени мигранти во сообраќајна несреќа во Грција

Две лица загинаа, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа на возило во кое се превезувале мигранти во северна Грција, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека верува оти десетмината мигранти, вклучувајќи и две деца неодамна ја преминале грчко-турската граница за да се стигнат до Солун.

Возачот побегнал, а полицијата трага по него.

Двајцата загинати се мажи, останатите осум мигранти се префрлени во локална болница и немаат потешки повреди. Пожарникарите изјавиле дека повредените им рекле оти се Сиријци.

Илјадници мигранти се уште пристигнуваат во Грција во надеж дека ќе успеат да стигнат до богатите земји на Европската унија.

Коронавирус