сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 14
home Регион

Дваесетгодишниот Давид осуден 30 години: Својата трудна девојка Кристина ја избодел 88 пати

Откако пред судот беше прогласен за виновен, таткото на Давид Комшиќ, почнал да ракоплеска и да вика: „Браво, го судите детето затоа што е од Босна“. Семејството Комшиќ потоа го извадиле од судот, а останала само братучетка на Давид.
Дваесетгодишниот Давид осуден 30 години: Својата трудна девојка Кристина ја избодел 88 пати

20 годишниот Давид минатата година брутално ја уби својата поранешна бремена девојка, 19 годишната Кристина Крупљан, денеска во загрепскиот Жупански суд беше осуден на 30 години затвор.

После пресудата неговиот татко почна да ракоплеска и вика:

-Браво, го судите детето затоа што е од Босна.

Таткото и мајката на Комшиќ излегле од судницата, а образложението во солзи останала да го слуша неговата братучетка.

Семејството на убиената без посебни емоции го слушале образложението.

Судот потврди дека нема докази дека Кристина на убил поради одмазда, ниту дека го планирал убиството. Уверени се дека станува збор за злосторство во моментот и тешко убиство на груб начин.

Што Комшиќ го натерало да ја прободе девојката 88 пати останува непознато, затоа што Давид не се бранел. Во моментот на убиството, ниту без своја вина е доведен во ситуација на раздразеност. Судот заклучил дека можел да се контролира.

Кај убиецот утврдиле висок степен на потисната агресивност и низок степен на толеранција.

Коронавирус