среда, 12. август 2020. Вести денес: 167
home Регион

ДВА НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Албанија повторно се тресеше- еве ги деталите

ДВА НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: Албанија повторно се тресеше- еве ги деталите

Два нови земјотреси од 3,1 и 2,2 степени се регистрирани денеска во Албанија на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, кој ги следи сеизмолошките активности во Европа.

Посилен земјотрес се случил во 3:04 часот на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на 32 километри северозападно од Тирана.

Вториот земјотрес е регистриран во 18:45 часот на длабочина од 14 километри, со епицентар на 22 километри од главниот град.

Нема информации за евентуална материјална штета или за повредени лица.

Инаку, Албанија минатата недела беше погодена од земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, во кој повеќе од 50 лица загинаа, а околу 2.000 беа повредени.

Коронавирус