понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 55
home Регион

Два милиона долари помош за борба со Ковид-19 за Црна Гора од ОН

Два милиона долари помош за борба со Ковид-19 за Црна Гора од ОН

ОН издвоија два милиона долари за да и помогнат на Црна Гора во борбата против коронавирусот и собираат дополнителни 5,5 милиони американски долари за поддршка на одговор на пандемијата, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак.

Тој додаде дека Програмата за развој на ОН и Канцеларијата за развој на проекти обезбедиле медицинска и заштитна опрема.

– Агенцијата на ОН за миграција и Меѓународната организација за миграција исто така дадоа помош, изјави Хак.

Портпаролот на ОН посочи дека во Црна Гора, каде досега има 3.200 потврдени случаи на инфекција и повеќе од 50 смртни случаи, тимот на светската организација го води Фиона Меканли.

Коронавирус