понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 44
home Регион

Два часа на ивица на смртта: Камионџијата кој висеше над Морава го спасија ладната глава и синот пожарникар

Два часа на ивица на смртта: Камионџијата кој висеше над Морава го спасија ладната глава и синот пожарникар

Вистинска филмска драма се одигра завчера на делот од автопатот кај Јагодина- пензионираниот пожарникар Миле Савиќ (60), со часови висеше во кабината од својот камиуон над реката Морава, откако ја проби заштитаната ограда од мостот, а после тоа го спасуваа поранешни колеги и неговиот син, пожарникар.

Имено, Савиќ бил зад воланот над камионот која во 6:30 часот ја пробил оградата од мостот кај селото Михатовац во близина на Чуприја на автопатот Белград- Ниш, и останал да виси во воздух над Голема Морава.

Бил доволно присебен во таквата ситуација да го повика синот Саво и дочека помош, веројатно и сам свесен дека и при најмало мрдање неговиот живот може да заврши во моментот. И самите спасувачи биле во шок кога стигнале на лице место: како во филмовите, кабината висела над реката и се држела на една единствена тенка полуга.

Неколку часа подоцна, премрзнатиот воазач од кабината го извлекле пожарникари преку кран со кафез, како би човекот излегол од киамионот. Меѓу спасувачите бил и неговиот син Саво, исто така пензиониран пожарникар. После тоа, Миле бил пренесен во болницата во Чуприја.

-Додека висев над Морава, размиуслував само како да се спасам. Се раскомотив, ги отворив двата прозори. Гледав, ако камионот се придвижеше на едната страна, да излезам. Бидејќи ако камионот почне да паѓа, и јас во него, големи беа шансите возилото да ме удри, пригмечи, раскажува за „Блиц“, Миле Савиќ после излегувањето од болница.

Миле вели дека одморен тргнал на пат, и тоа во 6:05 часот утрото од паркингот „Полет“. До паркингот го донесол синот Саво, кој псоле тоа заминал да наточи гориво во приватно возило. После 20 минути, камионот ја пробил оградата.

-Ме претекнаа два шлепери, и тоа со голема брзина. Камионот почна да шета лево- десно, па налево и ја проби оградата, се присетува Миле, кој бил толку прибран за одма да го повика синот, кој ги алармирал пожарникарите, негови поранешни колеги, бидејќи двајцата дочекале пензија во оваа спасувачка единица на српското МВР. Миле во старосна пензија отишол во 2000-та година, а неговиот син после повреда на интервенција.

-Го дочекав она од што најмногу се плашев, да спасувам некој свој, својот татко. Моите поранешни колеги и јас успеавме да го извлечеме од кабината, вели Саво, синот на Миле.

Тој вели дека неговиот татко цело време бил свесен и смирен, што го научил додека бил пожарникар.

Бил смирен, но ниту Саво, ниту неговите поранешни колеги не му кажале колку е ситуацијата сериозна, бидејќи возилото се држело само на една „нога“ од полуприколката.

-Секоја чест за пожарникарите. Обезбедија корпа и го извадија мојот татко, им се заблагодарува синот на поранешните колеги.

Само што ставил нови гуми

Миле Савиќ вели дека алкотестот покажал дека немал пиено и дека тахографот ќе потврди дека не ја пречекорил брзината.

-Патот не беше чист, имаше мраз, вели Миле.

Неговиот син тврди дека камионот во моментот кога неговиот татко тргнал на пат бил технички исправен.

-Камионот ден претходно беше регистриран, помина технички преглед. Тој ден се ставени и нови гуми. Уште ги имам сметките за нив. Мојот татко е совесен возач, никогаш пред ова немал ниту еден инцидент, го почитува правилата и го прилагодува возењето со условите на патот, додава Саво Савиќ.

Коронавирус