сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 78
home Регион

Два браќа останале заробени под урнатините: Барале помош преку мобилен телефон, а тоа што се случило потоа ќе ви го распарчи срцето (ВИДЕО)

Два браќа останале заробени под урнатините: Барале помош преку мобилен телефон, а тоа што се случило потоа ќе ви го распарчи срцето (ВИДЕО)

По двата силни земјотреси во Албанија ова утро спасувачките екипи речиси на секој час објавуваат податоци за преживеани лица или жртви кои ги наоѓаат под урнатините.

Во Драч се срушил еден хотел, а се смета дека внатре се уште се заробени два браќа од Косово.

Како што пренесуваат албанските медиуми тие наводно биле на одмор кога се случил земјотресот.

Тие преку телефон успеале да се јават во брзата помош под рушевините, но потоа никој не одговарал на повиците.

Полицијата веднаш одговорила на повикот од и се упатила кон хотелот кој бил срамнет со земја во Драч како би откриле дали има жртви.

До овој момент сите се сомневаат дека рушевините ги затрупале браќата од Косово, пишуваат тамошните медиуми, сепак засега не се потврдува каква е нивната судбина.

Коронавирус