вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 7
home Регион

Дури 29 отсто од тестираните во Бугарија позитивни на Ковид-19

Дури 29 отсто од тестираните во Бугарија позитивни на Ковид-19

Во Бугарија во последните 24 часа се потврдени уште 3.568 случаи на заразени со коронавирус, а 162 пациенти умреле од последиците на Ковид-19, објави денеска на својата веб-страница бугарската Влада.

Во изминатото деноноќие тестирани биле 9.093 лица, или вкупно 950.354 од почетокот на пандемијата, а според проценките, околу 29 отсто од испитаните биле позитивни на коронавирусот, пренесе БТА.

Во моментов, активни се 88.224 случаи, од кои 6.655 се во болница, а 430 на интензивна нега.

Досега во земјата 136.628 лица биле инфицирани со коронавирус, а 3.529 лица умреле.

Коронавирус