петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Регион

Дури 25% од Хрватите одбиваат да се вакцинираат со било каква вакцина против Ковид-19

Дури 25% од  Хрватите одбиваат да се вакцинираат со било каква вакцина против Ковид-19

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак ги соопшти резултатите од анкетата според која 25 проценти од хрватските граѓани апсолутно одбиваат каква било вакцинација, а 10 до 15 проценти се двоумат дали да ја примат вакцината.

– Според нашите анкети, околу 25 проценти од Хрватите тврдокорно одбиваат вакцина, каква било вакцинација, не само против корона. Околу 10 до 15 проценти се двоумат, мора да влијаеме на нив, а остатокот ќе биде вакциниран, изјави Цапак за вестите на Н1 телевизија коментирајќи го слабиот одѕив на вакцинацијата.

Според него, вчера одговориле само една третина од граѓаните повикани да се вакцинираат против Ковид-19.

Коронавирус