недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 100
home Регион

Дупките по земјотресите околу Петриње се досега невиден феномен

Дупките по земјотресите околу Петриње се досега невиден феномен

Новиот земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала вчера дополнително активираше многу одрони во Банија, а дупките што се појавија во земјата по секој земјотрес стануваат се поголеми.

Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека појавата на тие дупки, дупки, досега не им била позната на сеизмолозите.

– Нема пишани траги, па дури ни усни сознанија од нашите постари сеизмолози. За нас, ова е нешто ново, потенцираше Кук.

Тој додаде рече дека земјотресите во Банија се уште не престанале, но и дека сеизмичката активност е слаба, што е очекувано. Кук истакна дека потресите ќе траат со месеци, но ќе бидат послаби.

Професорот Бруно Томљеновиќ од Загребскиот факултет за рударство, геологија и нафтено инженерство истакна дека појавата на тие дупки може да се класифицира како феномен и дека не е вообичаено почвата да се однесува на овој начин по земјотрес.

ЕУРО 2020

Македонија