недела, 9. мај 2021. Вести денес: 63
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Регион

Државниот долг на Црна Гора во декември изнесувал 103,28 отсто од БДП

Државниот долг на Црна Гора во декември изнесувал 103,28 отсто од БДП

Вкупниот државен долг на Црна Гора, без депозит, изнесувал во декември минатата година 4,33 милијарди евра или 103,28 отсто од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоците на Министерството за финансии и социјална заштита.

Вкупниот државен долг со депозити изнесувал 3,46 милијарди евра или 82,48 проценти од БДП, пишува весникот Дан.

– Надворешниот долг изнесуваше 3,84 милијарди евра, односно 91,46 проценти од БДП, додека домашниот беше 495,56 милиони евра или 11,82 проценти од БДП, се наведува во извештајот за државниот долг објавен на веб страницата на Министерството.

Депозитите изнесувале 872,43 милиони евра на крајот од 2020 година, вклучувајќи 38,45 илјади унци злато или 20,81 отсто од БДП.

Зголемувањето на државниот долг во четвртиот квартал од минатата година, како што се вели во извештајот, првенствено се должело на издавањето на обврзници.

Министерството потсетува дека на меѓународниот пазар се издадени обврзници во износ од 750 милиони евра, со рок на доспевање од седум години и каматна стапка од 2,875 проценти годишно.

Коронавирус