вторник, 13. април 2021. Вести денес: 155
home Регион

Драма во зградата на поранешната хрватска претседателка Колинда: Нејзина сосетка се забарикадирала во станот и се заканувала со бомба!

Драма во зградата на поранешната хрватска претседателка Колинда: Нејзина сосетка се забарикадирала во станот и се заканувала со бомба!

Во зградата на поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ се одиграла вистинска драма, за која таа дознала по телефон.

Имено, Грабар-Китаровиќ била на положување камен-темелник за изградба на куќа на семејството Радошевиќ, кое има шест деца, кога и се јавиле дека нејзината сосетка се забарикадирала во станот и се заканувала со бомба.

Нејзината сосетка на прозорецот залепила хартија со порака дека во станот има бомба.

– Не знаев што се случува додека не почна да ми ѕвони мобилниот. Ме бараа новинари и пријатели и така дознав што се случува, рекла Грабар-Китаровиќ за Јутарњи лист по враќањето во Загреб.

Таа додала и дека сите во нејзиното семејство се добро.

– Сопругот бил на работа, синот на училиште. Не знам што точно се случило, не ги знам деталите, ниту ја познавам таа госпоѓа. Како што гледам од медиумите, очигледно ќе се погрижат и за неа и за нејзините проблеми, рекла поранешната претседателка.

Коронавирус