четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Регион

Драма во центарот на Белград: Се сруши ѕид, се стравува дека има мртви (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Драма во центарот на Белград: Се сруши ѕид, се стравува дека има мртви (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На градилиште кое се наоѓа меѓу Сараевската улица и улицата Кнез Милош, во самиот центар на Белград се сруши ѕид и затрупа најмалку две лица.

Имено, се срушил ѕид од зграда која се прави на местото на некогашната амбасада на Америка.

Според неофицијалните информации, се стравува дека едно лице загинало во оваа несреќа, а има дека има и уште затрупани.

Операцијата за спасување е во тек, како што информираат српските медиуми.

На лице место има и пожарникари. Во текот е откопувањето на затрупаните луѓе. Нив ги откопуваат работници со лопати.

ФОТО: Еспресо.рс

Коронавирус