недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Регион

ДРАМА ВО БЕЛГРАД: Сопственик се заканува дека ќе скокне од кровот на својот хотел поради долг од 300.000 евра

ДРАМА ВО БЕЛГРАД: Сопственик се заканува дека ќе скокне од кровот на својот хотел поради долг од 300.000 евра

Маж од утрово се заканува дека ќе изврши самоубиство со скок од кровот на хотел на булеварот војвода Мишиќ во Белград.

Според првите неофицијални информации, наводно станува збор за сопственик на хотел, Бојан Р., на кого му се заканува иселување поради наводен долг од 300.000 евра кој не може да го врати.

Српските медиуми пишуваат дека ситуацијата била слична и на почетокот на март, кога исто така се заканувал дека ќе си го одземе животот.

Екипите на Брзата помош се на лице место, потврдила за српските медиуми портпаролката на белградската служба Нада Мачура, додавајќи дека засега е само познато дека станува збор за иселување, но други детали за оваа тешка ситуација нема.

На лице место е излезена и полицијата.

Коронавирус