четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Регион

Драма кај Задар: Не знаеле дека во дворот имаат минско поле – Деца играле, се правеле свадби

Драма кај Задар: Не знаеле дека во дворот имаат минско поле – Деца играле, се правеле свадби
PIXSELL

Во дворот и градината на семејството Санковиќ кај Задар во два наврати се собирале по 150 луѓе за разни прослави, со години играле деца, се садело цвеќе и зеленчук, а под површината се наоѓале шест нагазни мини. Семејството со години живеело на минско поле, а не знаело.

-Се плашав за себе и за внуците, изјавил за РТЛ Денес, Иван Санковиќ.

Првата мина ја пронашол по враќањето во селото пред 25 години, другите две ги нашле заедно со сопругата минатата година. Додека не заврши контролата, семејството Санковиќ околу сопствената куќа може да се движи само по бетонските патеки. Токму до истите бетонски патеки жената нашла една мина, а само малку подалеку од местото садела цвеќе цели 20 години.

Пред една недела, пиротехничарите на 2 метри од детските лулашки пронашле уште една нагазна мина PMA-2. Малку подалеку, во истиот двор на место каде често поминувале за да одат до соседите, пронајдени биле уште две мини.

Од ланското откривање на експлозивните направи семејството живеело во страв бидејќи согласно процедурите потребна била речиси една година за пиротехничарите да дојдат на терен.

ЕУРО 2020

Македонија