недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Регион

ДПС: Митрополитот Амфилохије ја вовлекува СПЦ во црногорската изборна кампања

ДПС: Митрополитот Амфилохије ја вовлекува СПЦ во црногорската изборна кампања

Црногорската владеачка Демократска партија на социјалистите денеска оцени дека митрополитот Амфилохије отворено потврдил дека неговата долгогодишно мешање во политиката кулминира пред претстојните избори и дека тој лично и неговите најблиски соработници ја вклучуваат СПЦ во партиската изборна кампања.

Во соопштението на ДПС до Танјуг, се наведува дека Митрополитот Амфилохије со наредбата до „верниот народ“ да излезе на гласање, исто така, испраќа и директива за кого да се гласа и дека негови политички фаворити биле оние кои Црна Гора ја гледаат како провинција на Србија, раздржавена територијална област која во погодно време, национално реорганизирана и исчистена од Црногорците би им се приклучила на „српските земји“.

ДПС порачува дека литиите никогаш не биле мирен протест заради Законот за слобода на религија, туку обид да се мобилизираат луѓето да гласаат на претстојните избори за оние кои им нудат „српска Подгорица“, за што во „севдах“ јавно пее и српскиот патријарх Иринеј.

ДПС во соопштението додава дека со својата долгогодишна активност, политички говори во форма на црковни проповеди, фаворизирање на опозицијата и принудување на злокобната приказна за некаков вид „братоубиство“ и вклучувањето на свештенството во бунтовите против легитимната влада, токму митрополитот Амфилохије ја позиционира Српската православна црква во Црна Гора како параполитичка организација, а оценууваат и дека една верска заедница самата се компромитира со своите нескриени политички амбиции. (МИА)

Коронавирус