недела, 5. јули 2020. Вести денес: 110
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски пред граѓаните во Крушево ја претставува програмата на ВМРО-ДПМНЕ

home Регион

Дозволени 10 отсто поголем број патници во бродовите и траектите во Грција

Дозволени 10 отсто поголем број патници во бродовите и траектите во Грција

Бродовите и траектите во Грција, од денеска дозволено е да пловат со десет проценти поголем број патници, односно со 60 отсто од вкупниот капацитет, наспроти 50 проценти од капацитетот, согласно првичниот здравствен протокол, јави дописничката на МИА од Атина.

За бродовите што нудат и кабини, исполнетоста може да биде 65 отсто, а во секоја кабина наместо еден, сега е дозволен престој на две лица, додека пак за семејства и понатаму важи истата одредба за четири лица.

Според Министерството за поморство и островска политика, ова зголемување се должи на позитивниот тек на Ковид-19 во земјата, во комбинација со целосното и доследно почитување на протоколите.

Парламентарни избори 2020