недела, 9. август 2020. Вести денес: 101
home Регион

Досега во Италија од корона вирусот починаа вкупно 6.820 лица

Досега во Италија од корона вирусот починаа вкупно 6.820 лица

Дводневниот позитивен тренд на опаѓање на бројот на жртви од коронавирусот во Италија вчера беше прекинат, со оглед на тоа што за 24 часа починаа 743 лица.

Досега во Италија од овој вирус починаа вкупно 6.820 лица.

Исто така во пораст е и бројот на активни случаи на заразени лица, за 3.612, така што вкупниот број сега изнесува 54.030.

Франција го помина прагот со 1.100 смртни случаи од корона вирусот во болниците , тука не е вклучена бројката од смртните случаи во старечки домови, јави дописникот на МИА.

Франција ќе има можност да прави 29.000 тестови на ден од следната недела, наспроти 9.000 во моментов, најави генералниот директор за здравство.

85 отсто од починатите се на возраст од над 70 години. Истовремено 328 лица биле излечени од почетокот на епидемијата.

Коронавирус