среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 134
home Регион

Досега невидена ситуација: Дилери во Бања Лука гаѓале полицајци со творови

Досега невидена ситуација: Дилери во Бања Лука гаѓале полицајци со творови

За време на апсење на двајца мажи кои поседувале поголема количина на наркотици, полицајците во Бања Лука се нашле во необична ситуација, бидејќи дилерите ги гаѓале со творови, а со цел избегнување на апсењето, јавуваат српските медиуми.

Целата драма се одиграла во утринските часови, а на крајот сепак биле уапсени двете лица.

-Инспекторите дошле до информација дека во една викендичка постои поголема количина на наркотици. На таа локација веднаш се упатиле поголем број на полициски служебници, но никој не можеше да очекува што ќе се случи, вели извор за „Српскаинфо“.

Откако полицајците се доближиле до викендицата, осомничените одлучиле дека нема лесно да се предадат.

-Кога ги видоа полицајците, еден од нив зема жив твор и го фрли кон нив. За среќа никој од полицајците не е повреден, а дилерите се совладани и уапсени, додава изворот.

По нивното апсење бил извршен претрес при кој се пронајдени екстази, марихуана, како и опрема за одгледување на марихуана.

Коронавирус