недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 57
home Регион

Досега двајца полицајци „се фатија“ во мрежата на кланот Беливук

Досега двајца полицајци „се фатија“ во мрежата на кланот Беливук

Весникот „Новости“ објави дека еден од нив е поранешен началник на Одделот за спречување организирана трговија со дрога кој бил сменет пред месец и половина
На озвучувањето од БИА во просториите каде што вршеле претрес, двајцата полицајци се фатени како прикриваат докази што ги откриле.

Српската полиција вчера уапси двајца полициски службеници, од кои едниот е поранешен началник на Одделот за сузбивање на организирана трговија со дрога во МВР, под сомнение дека соработувале, ја помагале или ѝ давале информации на криминалната група на Вељко Беливук, чии членови беа уапсени викендов.

Весникот „Новости“ објави дека се работи за Предраг Л., поранешен началник на Одделот за спречување организирана трговија со дрога. Тој бил сменет од новиот шеф на Одделот пред месец и половина.

Како што соопшти српското МВР, на двајцата уапсени им е одредена мерка притвор до 48 часа.

Сомневањата се дека двајцата уапсени полициски службеници на 4 февруари годинава, при претрес на станот и другите простории како дел од акцијата за апсење на осомничените дека се членови на организирана криминална група, свесно и доброволно површно извршиле претрес во стан за да не бидат пронајдени предмети на кривично дело.

„Тие под изговор за претрес на станот на водачот на навивачката група ‘Принципи’, кој беше уапсен минатата недела во голема полициска акција со неговиот соработник Марко Миjковиќ и уште 19 члена на бандата, всушност отстранувале докази“, се вели во соопштението.

Но, оперативците на МВР не знаеле дека БИА го озвучила станот. Слушајќи ги аудиоснимките, утврдено е дека тие се обиделе да ги прикријат доказите.

„По претресот, полицијата во тој стан пронајде пиштол, а осомничените се товарат дека не ги одземале парите пронајдени во станот за време на претресот, иако тие се предмет на кривично дело што е наведено во наредбата за претрес“, се додава во соопштението.

„Опасни врски“

Озлогласената банда на Беливук е осомничена за киднапирања, убиства, поседување дрога и оружје. Од саботата, 20 од нив се во притвор поради опасност од бегство, уништување, криење, менување докази или траги на кривичното дело, поради постоење околности што укажуваат дека тие ќе го повторат делото за краток временски период и затоа што делото за кое се товарат е казниво со затвор над десет години.

Според извештаите во медиумите, групата на Беливук е одговорна за исчезнувањето и веројатно за убиство на најмалку осум лица.

Групата на Беливук е осомничена за убиствата на криминалецот Милан Љепоја, навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ, но и за уште неколку се уште нерасчистени убиства.

Засега сѐ уште не е разјаснето што барале двајцата обвинители на маса со еден од уапсените членови на бандата за време на апсењето. Јавноста не е многу уверена во изјавата на еден од нив дека бил на средба со уапсениот за да договори издавање стан, па го викнал и колегата.

ЕУРО 2020

Македонија