недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Досега 29 жртви на епидемијата на грип во Хрватска

Досега 29 жртви на епидемијата на грип во Хрватска

Според податоците на Заводот за јавно здравје на Хрватска, во последните седум дена од грип починале уште 20 луѓе, со што вкупниот број на жртви на грип до вчера достигнал 29 лица.

Претставници на Заводот рекле дека динамиката на движењето на бројот на болни од грип годинава е на ниво од претходната.

Исклучок е втората седмица од почетокот на сезоната во која е регистриран поголем број заболувања во споредба со истиот период минатата сезона.

Докторот Фран Михаљевиќ од Инфективната клиника изјави дека епидемијата го достигнала врвот, и оти нема повеќе вакцини.

Коронавирус