петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Регион

Дојде ли крајот на Мило Ѓукановиќ: Мртва трка во Црна Гора

Дојде ли крајот на Мило Ѓукановиќ: Мртва трка во Црна Гора

Додека се очекуваат првите резултати од денешните парламентарни избори во Црна Гора Центарот за мониторинг и истражување (ЦеМИ) објави дека податоците од 49,8 проценти од изборниот примерок се води мртва трка меѓу власта и опозицијата.

Според првите проценки на ЦеМИ, листата на владејачката партија „ДПС – одлучувачки за Црна Гора Мило Ѓукановиќ“ има 34,2 проценти, а опозициската коалиција „За иднината на Црна Гора“ 33,7 проценти.

Коалицијата „Мирот е наша нација“ има 12,6 проценти, „Црно на бело“ 5 проценти, Бошњачката партија 4,4 проценти, Социјалдемократите 4,3, СДП – Силна Црна Гора три проценти, албанската коалиција „Едногласно“ 1,1 процент…

Ако некоја од хрватските листи надмине 0,35 проценти, тие ќе добијат резервиран мандат, потсетија од ЦеМИ.

Центарот за демократска транзиција претходно објави дека 75,9 регистрирани избирачи го искористиле своето право на глас, што претставува огромна излезност, поголема за неколку проценти од преходните избори во 2016 година.

Гласачите гласаа на 1.217 избирачки места за една од 11 изборни листи.

Коронавирус