сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Додик: Со нов закон ќе се потврди 9 јануари како Ден на Република Српска

Додик: Со нов закон ќе се потврди 9 јануари како Ден на Република Српска

Лидерот на СНСД и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави синоќа дека Република Српска на есен ќе донесе нов закон, со кој ќе се повтори дека 9 јануари ќе се слави како Ден на Република Српска.

– Колку повеќе се оспорува 9 јануари, ние толку посилно ќе го славиме. Особено силно ќе го одбележиме следниот Ден на Републиката, бидејќи не смееме да се откажаме од своите главни датуми – истакна Додик по повод одлуката на Уставниот суд на БиХ, со која е оспорен Законот за Денот на Република Српска – 9 јануари.

Тој, меѓу другото, на собир на младите на СНСД истакна дека партијата сака да биде владејачка и водечка партија на тие простори, бидејќи на Република Српска и се потребни силни лидери.

– СНСД ќе помогне тие да се создадат – заклучи Додик.

Коронавирус