недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Додик: На Ѓукановиќ не му беше потребен конфликт со СПЦ

Додик: На Ѓукановиќ не му беше потребен конфликт со СПЦ

Подгорица, 20 мај 2020 (МИА) – Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик му порача на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ дека Српската православна црква (СПЦ) и српскиот народ во Црна Гора постоеле пред него и другите кои се обидуваат на сила да го избришат српското име.

– Сега можам слободно да кажам дека ова е државна политика на Црна Гора. Ако претседателот на Црна Гора го објави ова како цел, тогаш е јасно дека станува збор за спроведување на државната политика. Затоа сега е наша обврска, сите ние што сме претставници на српскиот народ, да ја докажеме погубноста на таа политика за сите нас, и заедно да застанеме во одбрана на српскиот народ и Српската православна црква, изјави Додик.

Тој наведе дека станува збор за опасна намера на Ѓукановиќ да изгради нова црква од ресурсите на српскиот народ, оценувајќи дека е попаметно Црна Гора да изгради соработка со Српската православна црква.

– Нашата црква во Црна Гора никогаш не ја оспори државноста на Црна Гора. Тоа е причината зошто сега градењето непријатели со српскиот народ и Српската православна црква се чини дека е единствениот излез за црногорската влада да зачува концепт што нема вистинска поддршка кај народот, заклучи Додик.

Коронавирус