недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 43
home Регион

Додик: Мора да се контролира работата на непрофитните организации

Додик: Мора да се контролира работата на непрофитните организации

Претседателот на Република Српска Милорад Додик смета дека во овој ентитет на Босна и Херцеговина треба да биде усвоен закон за јавни работи на непрофитните организации.

Овој закон би можел да биде усвоен до крајот на летото и, како што додава Додик, нема ништо необично во тоа, бидејќи многу други земји имаат слични практики.

Мислењето е дека на сите им е јасно дека на разни организации во овој регион им се даваат средства насочени кон дестабилизација на општеството во целина, а не на развојот на демократијата, како што се пропагира.

– Никој не им брани да продолжат да го прават тоа, само тоа ќе мора да биде контролирано од гледна точка на информирање на јавноста, кој и што добива и што прави, изјави Додик за новинарите во Прњавор.

(Миа)