среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Додик и Ердоган разговарале за формирањето на Советот на министри

Додик и Ердоган разговарале за формирањето на Советот на министри

Српскиот член на претседателството на БиХ Милорад Додик телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за формирањето Совет на министри.

Турскиот претседател изразил задоволство за постигнатиот договор меѓу победниците на изборите за формирање на нов состав на Советот на министри, со што, како што се согласиле соговорниците, се отвора можност за што побрза реализација на веќе договорените проекти, од кои некои имаат и регионално значење, како што е автопатот кој ќе ги поврзува БиХ, Република Српска и Србија, соопшти кабинетот Додик.

Во соопштението се додава дека Додик и Ердоган истакнале оти сега се создадени неопходните предуслови за БиХ да се посвети на решавање на постоечките проблеми во интерес на сите свои граѓани.

Коронавирус