вторник, 11. август 2020. Вести денес: 62
home Регион

Додека „малчанскиот бербер“ бара ново судење, малата Моника и понатаму се бори со траумите

Додека „малчанскиот бербер“ бара ново судење, малата Моника и понатаму се бори со траумите

Девојчето по кое трагаше цело Врање, ноќе се буди и плаче и повеќе не излегува сама на улица. Таа и нејзиното семејство решија да отпатуваат на бања, со цел да и помогнат на 12-годишната Моника, која беше малтретирана од малчанскиот бербер во Врање, Нинослав Јовановиќ.

Тој на судењето во Ниш побарал психијатриска помош, најверојатно поради незадоволството од затворската казна.

Судот ќе елаборира на неговото барање.

Јовановиќ, при крајот на минатата година ја киднапираше и малтретираше Моника К. (12), а беше откриен и уапсен по 15-дневна истрага. На сведочењето, кое беше затворено за медиумите, за да се заштити идентитетот и интегритетот на малолетното девојче,  му беше одредена казна да помине месец дена во „посебниот“ затвор за затвореници со психички проблеми.

Со полициско комбе тој беше донесен со придружба од големо обезбедување на сведочењето а потоа замина од задната врата. На сведочењето родителите на девојчето се задржале многу кратко.

Родителите изјавија:

-„Александра и јас се задржавме многу малку во судницата и опишавме како исчезна нашата ќерка, објаснивме дека и до денес преживува трауми и дека за време на ноќта се буди од кошмари и плаче“.

Тие немаат душа повеќе да зборуваат со медиумите.

Јовановиќ бил уапсен на 5 јануари поради киднапирање и злоупотреба на малолетничката Моника. Тој ја собрал со автомобил кога таа одела накај училиште, лажејки ја дека е новиот електричар во училиштето. Од тогаш девојчето исчезнало до 29 декември, а ја пронашле во напуштена куќа во друго село. Меѓутоа тогаш Јовановиќ беше во бегство од полицијата, а уапсен е неколку дена подоцна.

Коронавирус