сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 78
home Регион

Девојче во македонски автомобил со часови било заробено со мртвите роднини – исповед на сведоците од несреќата во Србија

Девојче во македонски автомобил со часови било заробено со мртвите роднини – исповед на сведоците од несреќата во Србија

Во сообраќајната несреќа каква не се памети во Србија, вчера животот го изгубија пет државјани на Србија и двајца државјани на Македонија, а очевидци на несреќата велат дека вчера околу 7.20 часот на авто патот присуствувале на потресни сцени какви нема ни во филмовите.

-Се движев од правецот на Ниш, возев со нормална брзина. Беше замаглено, а кога ја поминав Морава, ѕид. Ништо неможев да видам, толку имаше магла. Веднаш почнав да кочам. Го стигнав камионот пред себе. Успеав да го стигнам и да излезам, но тогаш возилата почнаа да се удираат едно во друго. Одеднаш во автомобилот крај себе видов мртва жена, а крај неа имаше две деца. Се слушаше вриштење и плач- посведочил еден возач.

Како што се дознава најпрво околу 7.15 дошло до верижен судир во насока кон Белград кога се судриле два автомобила, кои ги управувале две жени.

-Возачот на еден камион пријде да им помогне, ја прескокна хаубата на нивниот автомобил. И тогаш следуваше катастрофа. На нив налетаа седум камиони и исто толку автомобили и сите загинаа. Од силината на ударот возачот остана заглавен меѓу две товарни возила – прераскажува очевидец на морничавата сцена.

Само пет минити подоцан во насока кон Ниш, дошло до два верижни судири, во кој загинаа 4 луѓе.

-На кампер со германски таблички налета камион кој го управувал полски државјанин. Камперот потоа се запали, а пламенот ја зафатил и кабината на камионот зад чиј волан бил Полјак. Во тој камион подоцна се забиле автомобили, но и други товарни возила- вели соговорникот за српските медиуми и додал дека за неколку минути на автопатот настапал целосен хаос.

Како што вели во следниот момент во автомобил со македонски таблички видел заглавено девојче кое плачело и ја довикувало мајката.

-Детето со часови било заглавено во згмечениот автомобил. Вриштеше и повикуваше помош, додека на предното седиште беа двајца нејзини мртви роднини со кои патувала. Јадното дете! Спасувачите едвај дојдоа до неа, а кога и пријдоа, беше надвор од себе. Лекарите едвај успеаја да ја смират и тоа со седативи – вели потресениот очевидец.