петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 7
home Регион

Деветмина мигранти пронајдени во дрвен сандак во возило во Хрватска

Деветмина мигранти пронајдени во дрвен сандак во возило во Хрватска

Полицијата на вуковарско-сремската жупанија денес пронајде девет странски државјани, заробени во дрвен сандук во товарно возило со кое управувал шверцер.

Мигрантите се пронајдени на автопатот Загреб-Липовац во близина на стојалиштетот Растовица, за време на контрола на возило со полски регистарски ознаки, во специјален сандук направен од иверца кој бил затворен со завртки.

– При отворањето на сандукот, полициските службеници пронашле и веројатно ги спасиле животите на девет странски државјани – три мажи, две жени и четири малолетни лица. Во моментот на отворање на сандукот, полициските службеници почувствувале значително зголемена температура и загушлив воздух – соопшти локалната полиција.

За овој случај се уапсени три лица, еден државјанин на Украина и двајца на Полска.