четврток, 9. април 2020. Вести денес: 176
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Девет лица хоспитализирани во Риека под сомнение дека се заразени со коронавирус

Девет лица хоспитализирани во Риека под сомнение дека се заразени со коронавирус

Поради сомнение дека можеби се заразени со коронавирус во Риека се хоспитализирани девет лица кои се вратиле од работа во Италија, јави дописникот на МИА.

Веднаш по пристигнувањето во Хрватска, а поради престојот во ризично подрачје, работниците се ставени во изолација. Еден од нив има симптоми кои укажуваат дека можеби е заразен со коронавирус, објавија хрватските медиуми. Другите осум засега се чувствуваат добро, но се чекаат резултатите од анализите кои треба дефинитивно да потврдат дали се заразени или не.

Во меѓувреме резултатите покажаа дека седумте лица за кои постоеше сомнеж дека се заразени со коронавирус се здрави, па така и официјално во Хрватска се уште нема ниту еден потврден случај на коронавирус.

Според хрватските власти изминатиов период голем број нивни граѓани престојуваа во северна Италија, така што се претпоставува дека е само прашање на време кога ќе се констатира првиот заболен. Токму затоа денес во Загреб се одржа и итен состанок на здравствените власти за тоа какви дополнителни мерки треба да се преземат да се спречи евентуалното ширење на вирусот.

На општините ширум Хрватска им е сугерирано да обезбедат простор што би се користел како карантин зона, а на граничните премини во Истра веќе се распоредуваат епидемиолози и санитарни инспектори кои ќе треба да прават контрола на лицата кои влегуваат во земјата.

Инаку, учениците кои поради екскурзија во Италија беа ставени во куќен карантин им е дозволено да излезат од истиот, бидејќи анализите покажале дека меѓу нив нема заразени со коронавирусот.

Коронавирус