недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 54
home Регион

Детето кое загина во земјотресот во Петриња е 12-годишно девојче

Детето кое загина во земјотресот во Петриња е 12-годишно девојче

Едно дете загина во земјотресот во Петриња, потврди градоначалникот Даринко Думбовиќ. Станува збор за 12-годишно девојче.

– Kако да е Хирошима, немам половина град. Моментално сум пред мртва девојка која почина, чекаме помош – рече Думбовиќ во интервју за ХРТ.

– Извлековме мало дете од четири години, градот беше уништен, веќе не е можно да се живее во него. Катастрофа, мајки кои плачат за своите деца, не знам што ми е во една градинка, што во друга. Сопругата ми се јавува, нешто и падна на главата. Ни треба помош, потребни ни се итни служби – извика тој, пренесува Индекс.хр.

Улиците на Петриња се полни со урнатини, оштетени се голем број згради, а спасувачите трагаат по преживеани, објави телевизијата Х1.

Коронавирус