петок, 7. мај 2021. Вести денес: 71
home Регион

Детали за убиството на Ивановиќ: Застрелан зад грб, полицијата пронашла запален автомобил (ФОТО)

Детали за убиството на Ивановиќ: Застрелан зад грб, полицијата пронашла запален автомобил (ФОТО)

Политичарот и лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ (64) е убиен утринава во 8:15 часот во Косовска Митровица.

Според неофицијалните информации на српските медиуми, во моментот кога е убиен, Ивановиќ се наоѓал на скалите пред вратата од партиското седиште. Застрелан е во грб од долга „деветка“.

Неофицијално, напаѓачите пукале од пиштол со пригушувач, а полицијата пронашла и запален автомобил.

Првичните информации кои ги пренесуваат српските медиуми говорат дека целиот северен дел на Косовска Митровица е под силна полициска блокада во потрага по убиецот и евентуално негов соучесник. Полицискиот увид на лице место се уште е во тек.

По нападот Ивановиќ итно бил транспортиран во Клиничката болница во Косовска Митровица, но без знаци на живот. Итната помош ја повикала сосетката која излегла да купи леб.

Ивановиќ сепак околу 9:30 часот им подлегнал на повредите, тој бил ранет повеќе пати во горниот дел од телото.

На местото на убиството пронајдени се 4 чаури, а пиштолот имал пригушувач. Напаѓачот, пишуваат медиумите, бил имал качулка на главата, дебела зимска јакна и чекал Оливер да се приближи до куќата каде е партиското седиште, пукал во него и се дал во бегство.

Недалеку од местото на убиството пронајден бил запален автомобил „Опел астра“ со кој убиецот најверојатно избегал, а потоа го запалил за да ги скрие трагите. Засега нема потврда, но многу веројатно е дека убиецот имал соучесник кој го чекал во автомобилот.

Изјава на адвокатот на Ивановиќ, Небојша Влајиќ

-Најверојатно починал на лице место. Колку што знаеме за сега имал пет прострелни рани. Веднаш е пренесен во болница, лекарите се обиделе да го реанимираат, но не можеле да го спасат, вели Влајиќ.

Додека во операционата сала докторите се обидувале да го спасат Ивановиќ, неговата сопруга Милена, братот и бројни соработници и пријатели чекале вест во болницата.

На сопругата Милена и се слошило кога пред операционаната сала дознала дека нејзиниот сопруг починал.

Коронавирус