Сулејман Мурич 61- годишен маж и неговата 45- годишна невенчана сопруга настрадале во пожар рано утринава во својата куќа во Бесник, Црна Гора.
Кога пристигнале пожарникарите ги затекнале изгорените тела на мажот и жената.
Уапсена е поранешната сопруга на Сулејман, Сафија која е осомничена за подметнување на пожарот.
Според пријавеното таа ја полила собата со бензин, влегла низ прозор, запалила и побегнала.
Полицијата дознала дека откако побегнала со автобус се упатила конПодгорица, па полицијата го сопрела автобусот и ја уапсила.