понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 105
home Регион

Детали за шесткратното убиство во Загреб: Четири деца меѓу жртвите, преживеало 7 месечно бебе

Детали за шесткратното убиство во Загреб: Четири деца меѓу жртвите, преживеало 7 месечно бебе

Загреб вечерва е под полициска опсада, во потрага по сторителот на шесткратното убиство кое го згрози цел Балкан.

Хрватските медиуми јавуваат дека полицијата интензивно трага по убиецот. Телата на убиените биле пронајдени по пријава од соседи кои слушнале пукотници.

Дел од локалните медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, пишуваат дека мотивот за шесткратното убиство е љубомора.

Наводно маж во семејна куќа со пиштол ја усмртил поранешната сопруга, нејзиниот нов партнер и четири деца. Најмалото, петто дете кое има седум месеци, со повреди итно било пренесено во болница.

Официјални информации засега нема.