Еден мртов и тројца повредени е епилогот на драмата која вчера се случуваше во фирмата „Стопански советник за информациски технологии“ на Рузвелтова 55 во Белград.
Многубројните полицајци вчера неколку часа вршеле увид, но и разговарале со вработените во оваа фирма, кои биле во објектот во моментот на пукањето. Како што неофицијално се дознава, убиениот Бранко К. бил еден од директорите на фирмата, и по се судејќи некој судир со него, влијел врз убиецот токму во него да го испука првиот рафал.
По една верзија, убиецот добил отказ кон крај на минатата недела, а по друга, тој сам си заминал после судирот со поранешен колега околу еден проект.
Ова е убиецот: