вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Регион

Детали за експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак

Детали за експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак

Две недели по силните експлозии во фабриката за наменска индустрија „Слобода“ во српскиот град Чачак, синоќа повторно се случнаа детонации од истото место.

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, јави Бета.

Евакуирани се околу 350 лица кои живеат во близина на фабриката. Во текот на ноќта беше изгаснат пожарот, по што дел од евакуираните се вратија во своите домови.

Според првите податоци, синоќешната детонација предизвикала пожар надвор од фабричкиот круг на две места.

Детонацијата ги искрши прозорците во еден погон на фабриката, при што тројца работници се здобиле со исеченици.

Ноќта мина без нови детонации и инциденти, а беспилотни летала го надлетуваа кругот на фабриката.

Коронавирус