вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 80
home Регион

Детали за авионската несреќа во Србија: Загина пилотот кој изведувал акробатски лет (ФОТО)

Детали за авионската несреќа во Србија: Загина пилотот кој изведувал акробатски лет (ФОТО)

Владимир Булат (47), загина при пад на мал авион марка Злин 526 Ф, во близина на спортскиот аеродром Ечка крај Зрењанин.

Според српските медиуми, Булат бил сам во авионот и изведувал акробатски лет.

Владимир Булат е искусен пилот на мали и спортски авиони, а беше претседател на аероклубот од Зрењанин.

Истрагата покажала дека не се работи за некаков дефект на авионот, туку за авионска несреќа и грешка на пилотот.

При акробатскиот лет, пилотот наеднаш изгубил контрола над леталото и неконтролирано се урнал забивајќи се два метра во земја со клунот на авионот.