вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 63
home Регион

Детали за атентатот во Белград: Го лоцирале со помош на атрактивна Колумбијка

Детали за атентатот во Белград: Го лоцирале со помош на атрактивна Колумбијка

Страхиња Стојановиќ, криминалец познат на полицијата, е убиен во теренецот што полетал во воздух во Нов Белград, а во возилото била и 45-годишната Колумбијка Соња Суарез Гомез.

Стојановиќ починал во болница кратко време по силната експлозија.

Првичните анализи сугерираат дека најверојатно во ликвидацијата се користел пластичен експлозив P500 попознат како Ц-4. Според Новости, остатоците од џипот укажуваат на тоа, бидејќи овој експлозив се користел во неколку наврати во ликвидациите на мафијата во Белград во последните неколку години.

„Да беше поставен посилен експлозив, уништувањето на самото возило ќе беше далеку поголемо, а патниците сигурно немаше да преживеат“, изјави извор близок на истрагата за Новости.

„Во овој случај, уредот е поставен директно под возачкото седиште и се активирал од далечина“, вели тој.

Коронавирус