недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Регион

Детали од бруталното убиство на италијанскиот златар: Вмешани се српска проститутка и полицаец

Убиениот Карли бил вмешан во мрежа на проституција и продажба на накит на црниот пазар. Златарот, како што пишуваат италијанските медиуми, имал договор со Оливера, а таа со полицаецот од Србија и уште еден маж, да го снабдуваат со скапоцени камења кои тој ќе ги препродаде, а подоцна ќе им даде процент од профитот.
Детали од бруталното убиство на италијанскиот златар: Вмешани се српска проститутка и полицаец

45-годишната Љубица Костиќ, била уапсена од италијанската полиција поради тешко убиство на 75-годишниот златар Алдо Карли од Трст.

Меѓутоа, италијанските медиуми објавиле дека ова злосторство го извршиле група Срби, меѓу кои се наоѓаат и проститутка и полицаец. По нив се распишани меѓународни потерници, а станува збор за Оливера Ристиќ Петровиќ и двајца мажи за кои е познато само дека се викаат Душан и Милан, но нивните презимиња не се познати.

За осомничениот Милан постои сомнение дека е активен полицаец во Србија.

Како што пренеле италијанските медиуми, Оливера Ристиќ Петровиќ е иницијатор на монструозното убиство на својот соработник во мрежата за проституција Алдо Карли.

Постои сомнение дека убиениот Карли уште во 2011. година блиско соработувал со Оливера, на која последните седум години и позајмил дури 240.000 евра, дел во кеш дел во накит. Од време на време, пишуваат италијанските медиуми, Петровиќ му пружала сексуални услуги.

Убиениот Карли бил вмешан во мрежа на проституција и продажба на накит на црниот пазар. Златарот, како што пишуваат италијанските медиуми, имал договор со Оливера, а таа со полицаецот од Србија и уште еден маж, да го снабдуваат со скапоцени камења кои тој ќе ги препродаде, а подоцна ќе им даде процент од профитот.

Покрај парите, Оливера на Карли му плаќала и со секс, некогаш таа лично, а некогаш ангажирала проститутки од Србија.

Како што се дознава, во таа мрежа била вмешана и Љубица Костиќ од Белград, која на почетокот на јануари била уапсена поради сомнение дека учествувала во убиството на Карли.

Бидејќи Оливера и нејзините соученисици не можеле да му ги вратат на Карли парите кои му ги должеле, тие го убиле.

Постои сомнение дека мотив за убиството се парите кои сакале да му ги земат од препродажбата на накитот. Имено, тројцата убијци требало на 20. декември да се најдат во Карли во Австрија за да договорат примо-предавање на парите. Но, наместо тоа, тие отишле во куќата на Карли и таму го убиле бидејќи верувале дека златарот ќе ги измами и ќе ги земе парите кои заедно ги ставиле на австриска сметка. Како што се шпекулира, на таа сметка имало најмалку 100.000 евра од продажба на накит на црниот пазар.

Убијците на Карли најпрво, во околу четири часот по полноќ, му пратиле порака со прашањето дали тргнал на местото на состанокот. Кога не им одговорил, влегле во неговата куќа во околината на Трст.

Во меѓувреме од уапсената Љубица Костиќ, која исто така била во близина, ја дознале точната адреса, автомобилот кој Карли го вози и слични детали кои им ја олесниле подготовката на злосторството. Кога се увериле дека се на вистинското место, влегле во куќата, го врзале златарот и од него се обиделе да извлечат информации за парите. Бруталното мачење завршило со смрт на златарот.

Италијанската полиција кратко по злосторството ја уапсила Костиќ, но од Оливера и останатите нема ни трага ни глас. Истрагата е проширена надвор од границите на Италија, бидејќи постои сомнение дека егзекуторите побегнале од земјата во Словенија, Австрија или некоја трета земја од регионот.

Коронавирус