вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Регион

Десет медицински лица во Црна Гора заразени со коронавирусот, над 200 во самоизолација

Десет медицински лица во Црна Гора заразени со коронавирусот, над 200 во самоизолација

Речиси десет проценти од 105 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Црна Гора се медицински професионалци, додека 237 се изолирани во домашна изолација, објавија властите во Подгорица.

Институтот за јавно здравје соопшти дека се заразени шест лекари и четири медицински сестри.

Беше посочено дека заразените медицински работници биле изложени на вирусот Ковид-19 надвор од нивното работно место.

Од над 200 медицински работници кои се самоизолирани, половина од нив дошле во Црна Гора од странство, па морале да бидат во изолација две недели.

Коронавирус