четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 0
home Регион

Денеска почнува производството на вакцината „Спутник V“ во Србија

Денеска почнува производството на вакцината „Спутник V“ во Србија

Копретседавачите на Српско-рускиот меѓувладин комитет, министер во Владата на Србија Ненад Поповиќ и вицепремиер на руската влада Јуриј Борисов, одржаа состанок на кој посочија дека почетокот на производството на „Спутник V“ вакцината во Институтот „Торлак“ би била свечено обележана попладнево.

– Тоа е потврда за најдобрата политичка, економска и научно-технолошка соработка меѓу нашите две држави, но и потврда за блискоста и високиот степен на меѓусебна доверба меѓу нашите државни лидери – рече Поповиќ.

Тој истакна дека производството на вакцината Спутник V во институтот Торлак е резултат на договорот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин, кој диктира високо темпо на развој на билатерални односи меѓу двете земји во своите области.

– За само пет месеци од почетокот на работата за воспоставување на производство на руска вакцина во Србија, задачата што ја добивме од нашите претседатели е исполнета. Србија ќе стане првата земја во Европа што ќе произведува вакцина Спутник V на нејзината територија. Сега ќе бидеме уште поподготвени да ги заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани, но и да им помогнеме на нашите партнери во регионот и Европа кои имаат огромна потреба од вакцината – рече Поповиќ.

Вицепремиерот на Руската Федерација Јуриј Борисов изрази задоволство од почетокот на производството на руската вакцина во Србија.

Тој посочи дека ова е голем чекор за Србија, кој гарантира зачувување на безбедноста и долгорочна заштита на населението од вирусот корона.

Коронавирус