вторник, 11. август 2020. Вести денес: 57
home Регион

Демонстрантите во Нови САД кусо блокираа полициска станица

Демонстрантите во Нови САД кусо блокираа полициска станица

Околу 19.30 часот, по протестната прошетка низ улиците на Нови Сад, граѓаните околу половина час ја блокираа полициската станица „Стари град“ во улицата Радничка.

При тоа демонстрантите симболично побараа од министерот за полиција, Небојша Стефановиќ да ги уапси.

За време на протестот, тие оставија три садови со храна за кучиња пред вратата на полициската станица и викнаа „кучиња, кучиња“. Некои граѓани оставија и пари.

После само 15 минути на капијата на полициската станица се појави група полицајци, целосно опремени за разбивање демонстрации, по кои граѓаните извикуваа „Слуги на режимот“, „Ние ве плаќаме“, „Фрлете ги штитовите“ …

Според српските медиуми, собирот засега е мирен. Демонстрантите во моментов го блокирале Варадинскиот мост.

Покрај Белград и Нови Сад, протести вечерва има и во Зрењанин, Чачак, Крушевац, Ниш и Крагуевац. (МИА)

Коронавирус