сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Регион

Демократскиот сојуз на Косово очекува пред понеделник да се формира новата влада

Демократскиот сојуз на Косово очекува пред понеделник да се формира новата влада

Шефот на пратеничката група на Демократскит сојуз на Косово (ЛДК) Арбен Гаши изјави дека одлуката на Уставниот суд со која се прогласи за уставен указот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот за премиер на кандидатот на ЛДК Авдулах Хоти, е исправна и очекувана, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешната изјава за телевизијата Клан Косова, Гаши рече дека мошне бргу ќе биде побарано закажување седница на Собранието за гласање за владата што ќе ја предложи Хоти и изрази уверување дека таа процедура ќе биде завршена пред наредниот понеделник.

– Одлуката е донесена доцна ноќеска и ние се уште не сме се консултирале во партијата, но верувам дека утре наутро ќе го наравиме тоа. Процедурата е многу едноставна, треба само едно писмо да се испрати до претседателката на Собранието (Вјоса Османи) од моја страна како шеф на пратеничката група, каде што ќе го одредиме денот и часот кога ќе се одржи седницата. Другите работи се веќе завршени, изјави синоќа Гаши. (МИА)

Парламентарни избори 2020