петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Регион

ДЕЛТА СОЈОТ СЕ ШИРИ СО НЕВИДЕНА БРЗИНА – во оваа соседна земја денеска вртоглава бројка на новозаболени, има и починати

ДЕЛТА СОЈОТ СЕ ШИРИ СО НЕВИДЕНА БРЗИНА – во оваа соседна земја денеска вртоглава бројка на новозаболени, има и починати

Во Косово изминатите 24 часа се извршени 3.160 тестирања со методот РТ-ПЦР, од кои како заразени резултирале 221 лице, што е највисока бројка на новозаболени од Ковид-19 уште од крајот на април годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Минатото деноноќие е регистриран и еден смртен случај како последица на Ковид-19, така што вкупната бројка на жртви на пандемијата, од нејзината појава, достигна до 2.268.

Коронавирусот во Косово досега е откриен кај вкупно 108.844 лица, од кои како излекувани се водат 105.688 (21 минатото деноноќие), додека активни носители на вирусот се 888 лица.

Според косовските здравствени власти, кај најголемиот дел од новозаболените е откриена новата Делта варијанта на коронавирусот.

Коронавирус